ПСЖ ќе стори сé за да ја привлече во своите редови една од најголемите ѕвезди на Бока Јуниорс, Кристијан Павон. Францускиот првак е на пат да го потврди договорот на 22-годишниот аргентински репрезентативец.
Најавите велат дека ПСЖ ќе мора да плати сума од 22 милиони евра за Павон, кој оваа сезона во Аргентина има 7 гола и 17 асистенции на 31 одигран меч за Бока Јуниорс.