Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»ПСЖ го намали буџетскиот дефицит и ќе може да се извлече од санкциите на УЕФА
    Фудбал

    ПСЖ го намали буџетскиот дефицит и ќе може да се извлече од санкциите на УЕФА

    risteBy riste11/04/2023No Comments1 Min Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Челниците на шампионатот на Франција, ПСЖ успеаја да го намалат буџетскиот дефицит, исполнувајќи ги обврските преземени кон УЕФА по воведувањето санкции против клубот. ПСЖ има добри шанси да ги задржи трошоците во рамките на финансискиот фер-плеј, што ќе им овозможи на парижаните да регистрираат нови играчи во наредниот трансфер период. Информацијата ја потврдуваат медиумите во Франција.

    Откако падна под санкциите, ПСЖ вети дека ќе го намали дефицитот на 60 милиони евра веќе оваа финансиска година, а потоа ќе се врати на позитивно салдо во следните две години. Целта е постигната благодарение на значителното зголемување на приходите, особено во областа на продажбата на билети. ПСЖ, исто така, ќе добие 200 милиони евра за три години од CVC, инвестициски фонд кој купи дел од комерцијалната компанија Француската професионална лига (LFP).

    Вкупните приходи на ПСЖ оваа сезона би можеле да надминат 800 милиони евра, петти највисоки меѓу европските клубови. Ако на ова се додаде и евентуалното заминување на Лионел Меси, што ќе помогне значително да се намали фондот за плати, францускиот гигант ќе има многу повеќе простор за активности во текот на летната трансфер сезона.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.