Барселона и Пари Сен Жермен постигнаа договор за трансфер на Усман Дембеле за 50,4 милиони евра. Парижаните го најавија потписот на крилниот напаѓач кој во француската престолнина ќе игра до летото 2028 година.
Усман Дембеле пристигна во Барса во летото 2017 година од Борусија Дортмунд, каде беше еден од најперспективните млади напаѓачи во Бундеслигата.
Дембеле го напушта клубот по 185 настапи и 62 гола, со три шампионски титули, два купа и два шпански Суперкупа.