ПСЖ денеска го суспендираше Лионел Меси, затоа што не се појави на тренингот вчера заедно со остатокот од тимот по поразот од Лориен во неделата со 1-3. Меси без дозвола на клубот отпатувал со семејството во Саудиска Арабија на краток одмор, поради што го навлече гневот кај претседателот на ПСЖ, Насер Ал Келаифи. Денеска од ПСЖ се огласија за непромислениот потег на Аргентинецот, кој во период од две недели ќе биде под суспензија.
„ПСЖ го суспендираше Лионел Меси на две недели, а казната стапува во сила веднаш. Се се случи бидејќи тој отпатува во Саудиска Арабија без дозвола”, пишуваат странските медиуми.
Лионел Меси повторно се најде на удар на навивачите, кои се чини дека се нетрпеливи да му истече договорот за да си замине од Париз на лето.