ПСЖ и Атлетико (Мадрид) го следат напаѓачот на Евертон Ричарлисон, објави весникот „Мирор“.
Двете екипи треба да се разделат со неколку важни фудбалери во текот на летото и да гледат во бразилскиот репрезентативец совршена замена која би се вклопила во нивните редови. Познато е дека Антоан Гризман, најверојатно, ќе ја засили Барселона, а парижаните можат да се разделат со Едисон Кавани, па дури и со Неамар доколку добијат добра понуда.
Самиот Ричарлисон играше многу во Премиер Лигата од почетокот на сезоната и се проценува на 70 милиони фунти. Оваа сума е достапна и на Атлетико и на ПСЖ, па затоа се очекува дека ќе има понуди до крајот на сезоната од двата тима. Од почетокот на сезоната, Ричарлисон (22) има 13 гола во Премиер Лигата.