Пари Сен Жермен и Јувентус се заинтересирани да го назначат поранешниот менаџер на Реал Мадрид, Зинедин Зидан на оваа позиција следното лето, објави „Калчомеркато“.
Според истиот извор, интересот на италијанскиот клуб е поврзан со неуспешниот старт на сезоната под водство на Масимилијано Алегри. Зидан е еден од главните кандидати за тренерската функција на клубот од Торино.
ПСЖ беше заинтересиран да го назначи Зинедин Зидан минатото лето по отпуштањето на Маурисио Покетино, но оваа позиција ја презеде Кристоф Галтие. Интересот за поранешниот тренер на Реал Мадрид останува, а парискиот клуб може да се врати на идејата да го назначи Зидан во случај Галтие да го напушти тимот.
Сепак и покрај интересот на врвните клубови, Зидан планира да ја предводи француската фудбалска репрезентација.