Интересот за крилото на Борусија (Дортмунд) Џејдон Санчо станува се посериозен. Досега англискиот репрезентативец најчесто се поврзуваше со Манчестер Јунајтед, но сега „црвените ѓаволи“ може да имаат конкуренција за неговиот потпис следното лето од ПСЖ, објавија дел од медиумите во Англија.
Манчестер Јунајтед направи неколку обиди да го земе Санчо, но не успеа во нивната намера. Голем проблем е многу високата цена поставена од Борусија Дортмунд. Германците сакаат 120 милиони евра за 21-годишниот талент, а оваа сума се чини превисока за раководството од „Олд Трафорд“.
Иако интересот на „црвените ѓаволи“ за Санчо се олади веќе некое време, неодамна се појавија информации дека клубот повторно размислува да му даде понуда ова лето. Овој пат, сепак, Јунајтед може да се соочи со конкуренција за потпис на овој фудбалер. Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо го гледа Санчо како потенцијална замена за Килијан Мбапе доколку Французинот биде продаден по крајот на сезоната и со тоа сигнализираше за интерес за овој играч.

