Тимот на Торино е фаворит за потписот на Хесе Родригес од Париз Сен Жермен.
Двајцата водечки луѓе на клубовите се состанаа да разговараат за трансферот на крилото во Торино, а притоа се согласија дека поранешниот играч на Реал Мадрид може да ги засили „биковите“ со опција да биде целосно откупен во текот на летото.
Она што е интересно за ова е дека Парижаните се подготвени да платат помеѓу 60 и 70 отсто од платата на Хесе, кој дојде во Франција во летото 2016 година за сума од 25 милиони евра. Досега, овој фудбалер има одиграно само 14 натпревари за ПСЖ.