Раководството на ПСЖ има тенденција да се раздели со младиот португалски фудбалер Гонзало Гуедес за сума од 60 милиони евра, тврди францускиот весник „L’Equipe“.
Од Валенсија понудија 40 милиони евра пред неколку месеци и во моментот не планираат да ја креваат понудата. „Лилјаците” имаат добри односи со ПСЖ , но најверојатно нема да се одлучат да платат толку многу иако се ближи крајот на трансфер периодот.
Самиот фудбалер сака да игра на „Местаља” под раководство на Марселино, бидејќи знае дека на „Парк де Пренс” ќе биде цврста резерва. На 9 август се затвора трансфер прозорецот во Англија и опциите за Гуедес ќе се намалат.