Францускиот ПСЖ ќе го стави на трансфер листа играчот од средниот ред Јулијан Дракслер, објавија медиумите во Париз.
Германецот сè уште не сака да го напушти клубот и покрај тоа што му остануваат само шест месеци од договорот. Спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо и новиот тренер Маурисио Покетино ќе се состанат следната недела за да разговараат за ситуацијата на Дракслер. Беше објавено дека ПСЖ се соочува со финансиски проблеми поради пандемијата на коронавирусот и бара извори на дополнителни приходи пред претстојните преговори за продолжување на договорот со суперѕвездата Килијан Мбапе.
Во оваа ситуација, клубот има намера да се ослободи од двајца играчи од средниот ред, 26-годишниот Леандро Паредес и 27-годишниот Германец Јулијан Дракслер.

