Бразилскиот фудбалски интернационалец во редовите на Наполи, Алан, може да си замине од Серија „А“ во јануарскиот трансфер период, најавија денеска медиумите на „Чизмата“.
Имено, францускиот состав ПСЖ е подготвен да ги искористи проблемите во Наполи и испрати понуда за одличниот фудбалер. Ќе потсетиме дека „светците“ во текот на летото понудија 60 милиони евра за неговиот потпис, но, првиот човек на калчо-лигашот, Аурелио де Лаурентис, ја одби таа понуда.
Сега работите се сосема поразлични бидејќи медиуми тврдат дека претседателот по сите превирања во клубот „пречкртал“ дури седум фудбалери и сака ги продаде. Меѓу нив влегува и Алан.

