Француската фудбалска федерација одлучила пред време да ја заврши сезоната во Лига 1 и да му ја додели шампионската титула на Пари Сен Жермен, објавија дел од медиумите уште пред да пристигне официјалната потврда.
Популарните „светци“ беа на врвот на табелата со со 12 поени предност пред Олимпик Марсеј пред да се прекине шампионатот поради корона-вирусот.
Според изданијата, ПСЖ и Олимпик ќе одат во ЛШ а Рен ќе игра квалификации. Во понизок ранг ќе се спуштат Амиен и Тулуз додека нови прволигаши ќе бидат Лориен и Ленс.
