ПСЖ ќе биде принуден да го продаде напаѓачот Килијан Мбапе за да го ангажира напаѓачот на Барселона, Лионел Меси следното лето.
Оваа информација ја објави весникот „Л‘Екип“, а според нив, Аргентинецот ќе добие годишна плата поголема од 40 милиони евра. За да ги обезбеди потребните услови за Лео, ПСЖ треба да се раздели со еден од водечките играчи.
Исто така, се забележува дека Нејмар често контактира со Меси за да го убеди да се приклучи во редовите на парискиот тим по завршувањето на договорот со Барселона. Покрај тоа, јасно е дека Манчестер Сити е главниот ривал на ПСЖ за напаѓачот, бидејќи на чело на оваа екипа е Пеп Гвардиола, кој има одлични односи со Аргентинецот по работата во каталонскиот клуб
Договорот на Меси со Барселона истекува ова лето. Лео повеќе пати најавуваше заминување, особено откако се објавија деталите за неговиот договор со клубот.