Раководството на Пари Сен Жермен е подготвено да му понуди многу сериозен договор на ѕвездата на Ливерпул Мохамед Салах за да го привлече.
Според француските медиуми, гигантот од Париз сака да го ангажира крилниот напаѓач од „Енфилд“ следното лето.
ПСЖ е подготвен на 32-годишниот Салах да му понуди 3-годишен договор со плата од 500 000 евра неделно.
Ливерпул од своја страна е подготвен да го продолжи договорот на египетскиот репрезентативец на две сезони со плата од 400 000 евра неделно. Актуелниот договор на фудбалерот истекува на лето.
Мохамед Салах влезе во последните шест месеци од договорот со Ливерпул и сега е слободен да преговара со други клубови надвор од Англија. Правилата му дозволуваат да води разговори со тимови надвор од Премиер лигата, а во последниот месец од договорот со англиски тимови.

