ПСЖ ќе се вклучи во битката за полудефанзивецот на Ватфорд Абдулај Дукуре во јануарскиот преоден рок, тврди весникот „Мирор”.
Поранешниот младински репрезентативец на Франција импресионира со своите настапи во дресот на тимот од Премиер лигата и кон него интерес има и од страна на Евертон.
Сепак се смета дека можеби Дукуре ќе сака да се врати во Франција, бидејќи ако премине во ПСЖ ќе има многу поголема шанса да дебитира за сениорскиот национален тим на Франција за кој сеуште не играл.
Според последните информации од ПСЖ ќе понудат 30 милиони евра за полудефанзивецот.
Сé уште не е јасно дали оваа сума ќе биде доволна за Ватфорд да го продаде. Тој потпиша нов петгодишен договор со тимот во август оваа година.

