Пари Сен Жермен планира летово да го ангажира играчот од средниот ред на Наполи, Квича Кварацкелија, пренесува „Кориере дело Спорт“.
Парижаните се подготвени на лидерот во италијанската Серија А да му понудат 180 милиони евра за евентуална зделка.
22-годишниот грузиски играч за врска од минатото лето настапува за „наполитанците“. Неговите 14 гола и 16 асистенции на 30 натпревари во сите натпреварувања го привлекоа вниманието на ПСЖ.
Сумата што францускиот гигант е подготвен да ја плати е секако фантастична, бидејќи во моментов веб-страницата Трансфермаркт ја проценува вредноста на Кваратцхелија на 60 милиони евра.