Напаѓачот на Пари Сен Жермен, Килијан Мбапе добива дополнителен бонус за лојалност од клубот секоја сезона, според „Л‘Екип“.
Според изворот, станува збор за сума од 60 милиони евра.
Претходно беше објавено дека Мбапе би можел да му се приклучи на Реал Мадрид на крајот од следната сезона како слободен играч. Според договорот потпишан пред една година, Мбапе е слободен да го напушти ПСЖ во 2024 година доколку не ја активира опцијата за продолжување на договорот во летото 2023 година.
Преселбата на 24-годишниот Килијан Мбапе во Реал Мадрид беше објавена минатата година, кога му завршуваше претходниот договор со парижаните, но Французинот во последен момент се предомисли и реши да остане во ПСЖ.