Раководството на Париз Сен Жермен не се откажува од идејата за привлекување на Н’Голо Канте од Челзи ова лето.
Според весникот „ L’Equipe“, Парижаните се подготвени да понудат размена со друг француски репрезентативец, младиот Адриен Рабио. Минатата сезона Канте одигра 48 натпревари во сите натпреварувања, постигна 1 гол и направи 8 асистенции.
Досега има 4 одиграни натпревари за Франција на ова СП во Русија, додека Рабио не се најде на списокот на Дидие Дешамп.