ПСЖ му нуди нов едногодишен договор на капитенот на тимот Тиаго Силва, јавуваат француските медиуми.
ПСЖ сака да го задржи 35-годишниот Бразилец за уште една сезона, а понудата има опција да продолжи и за уште една сезона доколку и двете страни се задоволни. Според сегашниот договор, Силва добива 14 милиони евра годишно, но раководството се надева дека ќе го убеди играчот да ја намали својата плата.
Тиаго Силва дојде во ПСЖ од Милан во јули 2012 година за 42 милиони евра. Оваа сезона Бразилецот одигра 30 натпревари во сите натпреварувања и успеа да постигне 1 гол и 1 асистенција.