Пари Сен-Жермен откако ја обезбеди седмата титула во фудбалскиот шампионат во Франција, одлучи да пушти во продажба специјални дресови само за фановите.
Тимот од „Паркот на принцовите“ во неделата на домашен терен го совлада во дербито Монако 7:1 со што си ја обезбеди титулата иако до крајот треба да се одиграат уште неколку кола. Челниците на клубот го ангажирале популарниот уличен уметник Конго чие вистинско име е Кирил Фан, кој направил нов дизајн на дресовите.
Тој на задниот дел од дресот над бројката со цветни букви го напишал името на Париз а во долниот дел стои – шампион. Дресовите кои се наменети само за фановите ќе бидат пуштени во продажба на 29 април по цена од 25 евра.