Килијан Мбапе може да остане во ПСЖ и да го продолжи договорот со клубот и покрај сите шпекулации дека тој веќе се договорил со Реал (М).
Актуелниот договор на 23-годишниот напаѓач истекува ова лето, а од францускиот клуб велат дека уште ништо не е готово.
Според француските медиуми, ситуацијата е сериозно променета, а продолжувањето на договорот со парижани изгледа повеќе од реално. Дополнително, страните се оптимисти дека договор, сепак, ќе биде можен.