ПСЖ пројавува многу сериозен интерес за левиот бек на Тотенхем Дени Роуз, тврдат медиумите во Франција.
Шампионот на Франција бара класа играч за левата страна на одбраната, откако веќе се раздели со Јури Берчиче и со оглед на фактот дека Курзава не е на листата на омилени играчи на новиот тренер Томас Тухел.
Интересот на ПСЖ кон Роуз не е нешто ново и пред една година тимот исто сакаше да привлече фудбалерот на „Спарси“ во своите редови.
Сега сепак „принцовите” го обновиле интересот кон него и се очекува да испратат понуда за негово привлекување. Англискиот репрезентативец беше трансферна цел и на Манчестер Јунајтед пред некое време, но до негов трансфер на „Олд Трафорд” не дојде.