Фудбалерот на Манчестер Јунајтед, Пол Погба, ќе добие плата од ПСЖ во висина од 600.000 евра неделно доколку се согласи догодина да се пресели на „Паркот на принцовите“ откако ќе му истече договорот со англичаните.
Францускиот гигант планираше да го привлече играчот од средниот ред во текот на летово, но, трансферот на Лионел Меси ја промени ситуацијата.
Според одредени шпекулации, за Французинот се заинтересирани Јувентус и Реал Мадрид.
