Претседателот на Пари Сен Жермен, Насер Ал-Хелаифи во наредните денови во Париз ќе се сретне со францускиот фудбалски стручњак Зинедин Зидан.
Според најавата, ПСЖ повторно ќе му понуди на 49-годишниот стручњак да го води тимот. Парижаните се подготвени да му плаќаат на Зинедин Зидан 25 милиони евра годишно. Актуелен тренер на ПСЖ е Маурисио Покетино кој во ваков случај ќе мора да си замине од клубот.
Зидан е без работа од летото 2021 година. Французинот во својата тренерска кариера беше тренер само на Реал Мадрид од 2016 до 2021 година (со прекини). Заедно со Зидан, Реал Мадрид имаат освоено 11 трофеи, вклучувајќи три Лига на шампиони по ред.