Од ПСЖ официјално ја објавија својата одлука дека нема да го обноват договорот на голманот Џанлуиџи Буфон, кој истекува на крајот на овој месец.
Така 41-годишниот Италијанец ќе си замине од „Парк де Пренс” по само една сезона помината во Париз, пролингирајќи го завршувањето на кариерата уште минатото лето. Легендарниот Џиџи Буфон одигра само 25 натпревари во сите натпреварувања за ПСЖ, бидејќи во голем дел од натпреварите стартер беше Алфонс Ареола.
„Господин на и надвор од теренот, како и одличен тимски колега. Му посакуваме се најдобро во иднина. Ние сме ти благодарни за сè “, напишаа од клубот.

