Раководството на ПСЖ не планира никако да го задржи Маурисио Покетино на тренерската позиција на тимот.
Според одредени медиуми во Франција, парижаните се подготвени да го раскинат договорот со тренерот на крајот од сезоната и нема да му пречат на неговата преселба во Манчестер Јунајтед. Да потсетиме дека Покетино е еден од главните кандидати за менаџерската функција на „олд Трафорд“ откако му беше даден отказот на Оле Гунар Солскјер. До крајот на сезоната тимот ќе го води Ралф Рангник.
Претходно и самиот Покетино зборуваше за можноста да замине во Манчестер Јунајтед. Дополнително, беше објавено дека Аргентинецот сакал да го напушти ПСЖ поради несогласувања со спортскиот директор Леонардо, како и поради немањето можност за самостојни одлуки.