По неверојатната сезона со Наполи, ПСЖ е подготвен да плати неверојатни 180 милиони евра за 22-годишниот Квича Кварацхелија од екипата на Наполи.
Ако ваков трансфер се случи, тоа ќе биде вториот најскап фудбалер во светот, а Наполи тешко дека би одбил ваква сума на пари.
Грузискиот фудбалер пристигна во Наполи од Динамо Батуми за 11.5 милиони евра откако две сезони играше во руската лига, а оваа година во партнерство со Виктор Осимен ги однесе Наполи на врвот на италијанската Серија А и многу блиску до Скудетото.