ПСЖ објави официјална информација за повредата на Килијан Мбапе. 21-годишната sвезда има „сериозна повреда на десниот зглоб“, објави клубот.
Тие појаснија дека играчот ќе биде прегледан повторно по 72 часа, кога ќе биде појасно колку долго ќе отсуствува од терените. Добрата вест е дека нема оштетување на лигаментите на зглобот. Вчера Мбапе го напушти теренот со солзи во очите за време на финалето на Купот на Франција против Сент Етијен. Тој доби непријатен удар по грубиот старт на Луи Перен во првото полувреме. Потоа се појави на патериците во близина на аут линијата, што предизвика сомневања за многу сериозна повреда.
Тоа беше првиот официјален натпревар за ПСЖ и Килијан Мбапе по принудниот одмор. Следниот натпревар на тимот е на 31 јули, кога во финалето на Лига Купот се среќаваат со Олимпик Лион. На 12 август ПСЖG ќе игра против Аталанта во натпревар од четвртфиналето во Лигата на шампионите.