Фудбалерот на Барселона, Луси Суарез, кој не влегува во плановите на новиот тренер, Роналд Куман, може да добие понуда да заигра за францускиот состав ПСЖ.
Уругваецот ќе треба да го пополни испразнетото место по заминувањето на Кавани и да му биде партнер во нападот на Нејмар, со кого во 2015 година во дресот на Барселона ја освои Лигата на шампионите.
За искусниот напаѓач кој дефинитвно ќе си замине од „Камп Ноу“ е заинтересиран и холандскиот состав, Ајакс.