Тренерот на ПСЖ, Маурисио Покетино, нема намера повеќе да се потпира на напаѓачот на тимот Мауро Икарди, објави новинарот Николо Скира.
Според изворот, францускиот клуб би можел да го продаде 28-годишниот Аргентинец во текот на зимскиот преоден рок.
Сепак, напаѓачот не сака да го напушти ПСЖ барем до крајот на сезоната и покрај тоа што Икарди оваа сезона постигна само 3 гола на 17 натпревари.

