Играчот од средниот ред на Барселона, Иван Ракитиќ би можел да стане играч на ПСЖ. Францускиот клуб е близу наскоро да ги затвори преговорите и веќе се подготвува да го воведе играчот. Парижаните дури подготвија видео за претстојната презентација.
Во исто време, Хрватот беше вклучен во составот на Барселона за денешната средба кај Осасуна. Ракитиќ би можел да се искористи и како дел од договорот со Нејмар.