Facebook Twitter Instagram
    Спортско Радио 90.3
    • Дома
    • Фудбал
    • Кошарка
    • Ракомет
    • Тенис
    • Домашен микс
    • Меѓународен микс
    Спортско Радио 90.3
    Home»Фудбал»ПСЖ подобар од Арсенал на пенали и ја одбрани титулата во Лигата на шампионите
    Фудбал

    ПСЖ подобар од Арсенал на пенали и ја одбрани титулата во Лигата на шампионите

    risteBy riste30/05/2026No Comments2 Mins Read
    Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    ПСЖ ја освои титулата во Лигата на шампионите и повторно е шамион на Европа. Францускиот гигант дојде до титулата во Лигата на шампионите по драматично финале против Арсенал, кое беше решено дури по изведувањето пенали. По 120 минути игра резултатот беше 1:1, а во пенал-рулетот парижаните славеа со 4:3 и вторпат во својата историја, втора година по ред, ја освоија титулата.

    Финалето донесе вистинско тактичко надмудрување меѓу двајцата шпански стратези, Луис Енрике и Микел Артета. Арсенал подобро го отвори натпреварот и поведе во 6. минута. По одбиената топка од Тросард, Кај Хаверц се најде сам пред голманот Сафонов и со силен удар под пречката му донесе водство на својот тим од 1:0. ПСЖ ја презеде иницијативата и имаше голем посед на топката, но Арсенал одлично се бранеше и не им дозволуваше на Дембеле, Кварацхелија и Дуe да создадат сериозни шанси.

    Во второто полувреме ПСЖ продолжи да притиска и конечно стигна до израмнување во 65. минута. Кварацхелија доби топка во противничкиот шеснаесетник, а над него беше направен прекршок за пенал, а Усман Дембеле го реализираше за 1:1. До крајот на регуларниот дел двете екипи имаа свои шанси. Кварацхелија ја погоди стативата за ПСЖ, додека Арсенал не успеа да ја искористи својата иницијатива во завршницата. Продолженијата не донесоа многу возбудувања. Двете екипи играа претпазливо и очигледно не сакаа да ризикуваат, па победникот мораше да биде решен по изведувањето пенали.

    Во пенал-серијата ПСЖ беше поуспешен. Езе прв промаши за Арсенал, потоа Раја му одбрани удар на Нуно Мендеш и ги врати надежите на Арсенал. Сепак, во последната серија Берналдо погоди за ПСЖ,а  Габриел шутираше над голот. Така, со победа од 4:3 на пенали, ПСЖ ја освои титулата европски шампион втор пат по ред.

    Share. Facebook Twitter Pinterest LinkedIn Tumblr Email

    Related Posts

    Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига

    16/11/2026

    Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија

    16/11/2026

    Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе

    16/11/2026

    Leave A Reply Cancel Reply

    СПОРТСКО РАДИО 90.3 / ВО ЖИВО
    МАРКЕТИНГ
    Следете не на Facebook
    Најнови вести
    • Македонија против Словенија го затвора неуспешното поглавје во Лигата на нациите Б -лига
    • Македонија се запиша во историјата на Младинските олимписки игри Дакар 2026
    • Ален и Адријан Рустемовски од утре ги започнуваат натпреварите на ЕП ви бокс У-23
    • Англиската репрезентација постави рекорд по натпреварот против Шпанија
    • Баерн Минхен бара дури 300 милиони евра за Мајкл Олисе
    За Спортско Радио
    Почнувајќи од 22 февруари 2005 година, Спортското радио 90.3 фм емитува исклучиво спортска програма, со повеќе од 15 часовна програма во живо. Концепцијата на Спортското радио 90.3 фм е пред се, брзо и точно информирање за сите спортски настани. Спортското радио 90.3 фм има традиција, преточена во нов спортски звук!

    © 2026 ThemeSphere. Designed by ThemeSphere.

    Type above and press Enter to search. Press Esc to cancel.