Францускиот гигант ПСЖ објави дека го продолжиле договорот со тренерот на тимот Маурисио Покетино до јуни 2023 година.
Покетино дојде во ПСЖ во јануари оваа година наследувајќи го Томас Тухел, но во неговата прва сезона на клупата на ПСЖ ја загуби титулата, односно шампион стана Лил.
Mauricio Pochettino et le Paris Saint-Germain en images ! 📸🔴🔵#Pochettino2023
— Paris Saint-Germain (@PSG_inside) July 23, 2021
Со бројните засилувања на тимот за следната сезона, главен приоритет на Покетино е да ја врати титулата во Париз, но и да атакува на трофеј во Лигата на шампионите.