ПСЖ во последните минути од преодниот рок синоќа пред полноќ донесе уште едно големо засилување во името на Рендал Коло Муани. Во наредните пет години тој ќе го носи дресот на „светците“. Годишно ќе заработува седум милиони евра.
Насер Ал-Келаифи и спортскиот сектор на ПСЖ успеаја да ги убедат луѓето од Ајнтрахт и да го реализираат трансферот на Коло Муани. Ајнтрахт не ги доби посакуваните 100 милиони евра, но многукратно зарaбoти бидејќи пред нешто повеќе од една година го донесе играчот како слободен од Нант.
На крајот ПСЖ за трансферот на Коло Муани плати 90 милиони евра (75 милиони фиксни и 15 милиони во форма на бонуси).