Луис Кампос кој е дел до раководните гарнитури на ПСЖ, објасни дека францускиот тим сака да го задржи Лео Меси кој го одработува последниот дел од договорот.
„Во моментот, ние сме во преговори со Меси за продолжување на соработката. Сакаме да го имаме во нашиот проект“ – вели Кампос.
Аргентинецот по доаѓањето на „Паркот на принцовите“ одигра 57 мечеви со ефект од 26 голови и 28 асистенции.