Директорот на фудбалскиот состав ПСЖ, Леонардо, свесен дека Бразилецот , Нејмар, набрзо ќе си замине од тимот, се обидува да пронајде негова замена иако понудата на трансфер пазарот е скромна.
Според наводите на „Дејли Мирор“, Французите имаат намера да го ангажираат напаѓачот на Кристал Палас, Вилфред Заха, кој во текот на летово јавно побара да го напушти тимот, но, тоа не му беше дозволено.
Сега работите се многу поразлични бидејќи екипата од „Паркот на принцовите“ доколку го продаде Нејмар ќе може да одвои поголема сума за да го плати трансферот на Заха. Наводно луѓето од ПСЖ деновиве се во Лондон за да го договорат ангажманот на одличниот напаѓач.