Пари Сен Жермен одржа првични разговори со напаѓачот на Јувентус, Душан Влаховиќ , но допрва треба да достави официјална понуда за Србинот, објави „Фудбал Италија“.
Според изворот, парискиот клуб веќе успеал да воспостави контакт и да разговара за можен трансфер со блиски луѓе на Влаховиќ.
Сепак, ПСЖ се уште нема испратено официјална понуда за фудбалер до клубот од Торино. Јувентус засега е подготвен да ги чека парижаните, но времето е против нив бидејќи Челзи сака да го продаде Ромелу Лукаку што поскоро , а Јувентус покажа силен интерес за белгискиот напаѓач.
Парискиот клуб мора прво да продаде четворица играчи за да потпише со Влаховиќ. Дури потоа ПСЖ ќе даде формална понуда.
Влаховиќ е во Јувентус од јануари 2022 година. Во сезоната 2022/2023, Србинот има 42 натпревари за „старата дама“ во сите натпреварувања, на кои постигна 14 гола и четири асистенции. Договорот на играчот со торинскиот клуб е со важност до крајот на јуни 2026 година. Проценетата цена на уграчот е 70 милиони евра.