Дефанзивниот фудбалер на Јувентус, Леонардо Бонучи, може да добие покана да заигра во редовите на францускиот шампион, ПСЖ, објавија денеска дел од медиумите во Италија.
Искусниот одбранбен играч пред две сезони го напушти Јуве и потпиша за Милан, но, бидејќи „росонерите“ имаа разочарувачка сезона, Бонучи се одлучи да се врати во редовите на „старата дама“. С
ега со најавеното доаѓање на младиот Де Лихт, се препоставува дека новиот тренер на Јуве, Маурицио Сари, ќе му дава многу помала минутажа на искусниот стопер што пак, може да влијае кај Бонучи да си побара нова средина.

