Голманот Серхио Рико, кој игра со позајмица во Париз Сен Жермен од Севиља, може да остане трајно во клубот, пренесува „Ел Мундо Депортиво“.
Парижаните сакаат да го привлечат голманот, но сметаат дека е премногу висока цената од 10 милиони евра за 26-годишниот Шпанец.
Рико настапи за ПСЖ на мечот од Францускиот шампионат против Брест (2:1). Договорот на голманот со Севиља истекува во летото 2021 година.

