ПСЖ би можел да се ослободи од дефанзивецот Абду Диало пред крајот на летниот преоден рок. Според „Футмеркато“, за сенегалскиот фудбалер се заинтересирани неколку клубови, меѓу кои Вест Хем и Рома.
Според добро упатените, ПСЖ сака да го пушти Диало на трајна основа, а главните надежи на парискиот клуб се поврзани со добрите понуди од англиските премиерлигаши, особено лондонски Вест Хем.
Во исто време и Рома ја следи ситуацијата околу играчот, а доколку никој не го комплетира трансферот на Сенегалецот, планира да понуди договор за позајмица со задолжителна откупна опција во последните денови од преодниот рок.
Абду Диало одигра 12 натпревари минатата сезона во француската Лига 1. Имаше само една асистенција, а Трансфермаркт го цени играчот на 18 милиони евра.