ПСЖ сака да го засили својот тим во летниот преоден рок главно преку ангажирање на слободни агенти.
Во текот на летото 2021 година, напаѓачот на Барселона – Лионел Меси, дефанзивецот на Баерн – Давид Алаба, кој веќе најави своето заминување од клубот по крајот на договорот со тимот од Минхен, напаѓачот на Лион – Мемфис Депај, играчот за врска на Ливерпул – Жоржоњо Вајналдум и дефанзивецот на Наполи – Хисај се на спосокот на желби на ПСЖ и според „ЕСПН“ тоа планираат да ги купат како слободни играчи.
Сепак, приоритет е да се задржат клучните играчи. Според одредени извори, спортскиот директор на ПСЖ, Леонардо размислува за обновување на договорите со Нејмар, Килијан Мбапе, Анхел ди Марија, Хуан Бернат и евентуално Jулијан Дракслер.

