Пари Сен Жермен и Челзи не успеаја навреме да го завршат договорот за да го испратат Хаким Зиеш на позајмица во францускиот гигант.
Се беше договорено меѓу клубовите, а играчот отпатува во Париз на лекарски прегледи, но на крајот го пропушти рокот за комплетирање на документацијата.
Преговорите траеја до доцните вечерни часови и завршија позитивно.
Челзи, сепак, доцна испрати дел од потребните документи и затоа трансферот на Зиеш во ПСЖ не беше регистриран во Професионалната фудбалска лига.
Според информациите на „Л‘Екип“ од „Паркот на принцовите“ ќе поднесат жалба до Лигата. Зиеш (29 години) оваа сезона настапи на 10 натпревари за Челзи во Премиер лигата.