Вториот капитен на Валенсија Карлос Солер е баран од Пари Сен Жермен и голема е веројатноста неговиот трансфер да се реализира во преостанатите два дена до затворањето на трансфер пазарот.
Минатата недела „Марка“ објави дека и Ливерпул е заинтересиран за централниот играч за врска. Солер е клучен играч во тимот на „лилјаците“, но неговиот договор истекува за 10 месеци, а клубот не презеде ниту иницијатива да преговара за нов договор.
Поради оваа причина, сега постои шанса шпанскиот интернационалец да замине со понуда од околу 15-17 милиони евра. Солер (25) потекнува од школата Валенсија и сега влезе во седмата сезона во првиот тим.