ПСЖ се откажа од трката по норвешкиот напаѓач од Борусија Дортмунд, Ерлинг Холанд , пренесуваат медиумите во Франција.
Според истите извори, во одреден момент Парижаните биле подготвени да се борат за Норвежанецот, но сега решиле да се фокусираат на други цели. Главниот кандидат за Холанд сега е Реал Мадрид. Ерлинг се пресели во Борусија во јануари 2020 година од РБ Салцбург. Сумата на трансферот беше 20 милиони евра. Оваа сезона, 19-годишниот Норвежанец учествуваше на девет натпревари во Бундес лигата (шест во почетниот состав), постигна 10 гола и 2 асистенции.
Договорот на фудбалер со германски клуб важи до летото 2024 година. Во зимата 2021 година, во договорот на играчот ќе се активира клаузула за висина на обештетување во висина од 75 милиони евра.

