ПСЖ се согласил за трансфер на бразилскиот напаѓач Нејмар во Барселона, пишува шпанскиот „Спорт“.
Според истиот извор, францускиот клуб е подготвен да покаже флексибилност во преговорите со каталонскиот клуб за зделката да се реализира.
Нејмар (31) играше за Барселона од 2013 до 2017 година. Неговата преселба во ПСЖ останува најскапиот трансфер во историјата на фудбалот.
Парискиот клуб плати 222 милиони евра за бразилскиот напаѓач. Договорот на Нејмар со ПСЖ е до јуни 2025 година. Според Трансфермаркт, пазарната вредност на играчот е 60 милиони евра.
Нејмар минатата сезона 2022/2023 имаше 29 настапи за ПСЖ во сите натпреварувања, постигнувајќи 18 гола и 17 асистенции.