ПСЖ шири гласини дека неколку клубови се заинтересирани за напаѓачот Килијан Мбапе, пишуваат неколку медиуми во Франција.
Според нив, францускиот клуб намерно шири информации за интересот на различни тимови за напаѓачот со цел да го принуди Мадрид што поскоро да достави понуда за Мбапе, што би им одговарало на раководството на парижаните. Да потсетиме, претходно се дозна дека Мбапе е исфрлен од ПСЖ на претсезонски тренинг во Јапонија.
Според пишувањата на медиумите, францускиот напаѓач бил ставен на трансфер. Килијан Мбапе одигра 34 првенствени натпревари за ПСЖ минатата сезона 2022/2023 , постигнувајќи 29 гола и пет асистенции.