Томас Тухел кој седеше на кормилото на Мајнц и на Борусија Дортмунд, најверојатно ќе го замени Унаи Емери на клупата на францускиот фудбалски состав ПСЖ, објави денеска екслузивно весникот „Билд“.
Според наведеното, соработката меѓу двете страни е договорена а одличниот стратег на крајот на сезоната ќе потпише договор за две години. Посебни детали засега не се издвојуваат.
Тухел имаше завидни резултати додека седеше на клупата на „милионерите“ а неговото име во повеќе наврати се поврзуваше и со Баерн Минхен.