Платата што ПСЖ се обидува да го натера Килијан Мбапе да не размислува за преселба во друг клуб е 32 милиони евра, пренесува „Газета дело Спорт“.
За споредба, со онаа која ја добива во моментов таа се зголемува за 17,5 милиони евра. Пред неколку дена изјезе информација дека францускиот тим прави се што може за да го убеди овој играч да потпише нов договор и да не замине.
Оваа понуда е со цел да не дозволат Мбапе да ја прифати понудата од Реал Мадрид, кој е фаворит за привлекување на Мбапе, доколку реши да прерсели во друг клуб. 21-годишниот француски репрезентативец има договор со парижаните до крајот на сезоната 2021/22.
Неговата цена во моментов е 200 милиони евра. Во Франција ја нарекуваат „Анти-Мадрид“ понуда од управата на ПСЖ до Мбапе, а неговата клаузула сигурно ќе биде поголема.

