ПСЖ ќе се обиде да го купи фудбалерот на Барселона, Осман Дембеле. Според информации на “Ел Мундо Депортиво”, ПСЖ е во контакт со агентот на младиот Французин и се надеваат дека ќе можат да склучат договор со каталонците до крајот на преодниот рок.
Томас Тухел верува дека Дембеле ќе му помогне на тимот и ќе може да порасне во еден од најдобрите фудбалери од средината на теренот. Осман пристигна во Барса со големи очекувања од редовите на Борусија (Дортмунд), но генерално не успеа да ги оправда вложените средства.
Неговото име се поврзуваше и со Арсенал, Манчестер Јунајтед и голем број други тимови.