Францускиот гигант ПСЖ изгуби скоро 200 милиони евра поради пандемијата на коронавирус, призна спортскиот директор на клубот Леонардо.
„Пандемијата ја зафати целата планета и ние не сме исклучок. Загубите ќе влијаат на нашето однесување на пазарот на трансфери“, коментираше Бразилецот. ПСЖ традиционално беше меѓу клубовите кои плаќаа сериозни пари во последните години, но тоа време помина.
„Не верувам дека ќе видиме трансфери од 100 милиони евра ова лето. Никој не може да си дозволи вакви трошоци, дури ни ние”, рече Леонардо, што значи дека интересот на парижаните за играчи како Сергеј Милинкович-Савиќ од Лацио и Калиду Кулибали од Наполи ќе остане само на хартија.
Француските медиуми објавија дека ПСЖ направил понуда од 60 милиони евра за Милинковиќ-Савиќ, но таа беше одбиена.